Фаворитите го почнаа својот настап на Мастерсот во Рим без поголеми проблеми. Карлос Алкараз во својот прв меч во „вечниот град“ без поголеми проблеми славеше над Србинот, Душан Лајовиќ со максимални 2-0, по сетови 6-3 и 6-3.
Лесно во првиот натпревар помина и Русинот Данил Медведев кој славеше против Британецот, Камерон Нори исто така со максимални 2-0 (6-4 и 6-2).
Пласман во следната фаза обезбедија и Лоренцо Музети, Стефанос Циципас, Карен Хачанов, додека единствен од фаворитите кој е елиминиран е Бугаринот Григор Димитров кој загуби од домашниот тенисер Фанчесо Пасаро.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА