Фаворитите ефикасни во Купот на Германија

За разлика од вчерашниот изненадувачки пораз на Херта, фаворитите забележаа рутински победи на денешните натпревари од стартната рунда од Купот на Германија.

Најефикасни беа фудбалерите на Борусија Менхенгладбах, кои постигнаа осум гола на гостувањето со нисколигашот Обернојланд (0-8), додека седум гола постигна Аугсбург на гостувањето против Ајнтрахт Целе (0-7). Келн триумфираше на гостувањето против Алтглинике со 0-6, додека Волфсбург прими гол од Унион Фурстенвалде, но сепак стигна до убедлива победа од 1-4.

Лајпциг рутински славеше на дуелот во Нирнберг со 0-3 со головите на Хаидара, Поулсен и на Хванг, а најтешко од сите до цел плен стигна Ајнтрахт, кој триумфираше со минимални 1-2 на гостувањето против Минхен 1860. Андре Силва и Дост беа стрелци на головите за гостите од Франкфурт во овој минимален триумф.

Се вчитува...