Фавр најдобар на велеслаломот на СП во Кортина Д’ампецо, Петков на одличното 36. место

Метју Фавр стигна до златниот медал на велеслаломот на Светското првенство во алспко скијање кое се одржува во италијанската Кортина Д’ампецо. Французинот со одлично возење во втората трка успеа од четвртото место да стигне до златото со вкупно време од 2:37.25 минути. Среброто му припадна на домашниот скијач Лука де Алапрадини кој доцнеше 63 стоти делови од секундата зад победникот, додека со бронзата се закити Австриецот Марко Шварц, со 87 стотинки заостанување.

Водечкиот по првата трка, Алексис Пантуро направи голема грешка во второто возење и не успеа да ја заврши трката. Македонскиот претставник Виктор Петков на крајот заврши како 36. пласиран со вкупно време од 3:01.59.

Се вчитува...