Фавр: Не треба посебно да објаснувам зошто Санчо беше на клупата

Борусија Дортмунд е во криза, тренерот Лусиен Фавр е на „тенок мраз“, а последниот пораз од Барселона во Лигата на шампионите уште повеќе ја нагласи нервозата во клубот. Стратегот беше „нападнат“ од јавноста зошто го оставил Џејдон Санчо на клупата за резерви на „Камп Ноу“.

„Пред натпреварот со Барселона сметав дека треба да им дадам шанса на фудбалери кои се потполно концентрирани. Одлучив Џејдон да биде на клупата и не гледам причина тоа дополнително да го објаснувам. Меси е незадржлив и мислам дека таму е предноста на Барселона во однос на сите други тимови“, изјави тренерот на Борусија Дортмунд.

Се вчитува...