Фазлагиќ од Висла на позајмица во Горник Лечна

Повремениот македонски репрезентативец Енис Фазлагиќ, до крајот на сезоната ќе настапува како позајмен играч во Горник Лечна.

Фазлагиќ беше дел од Висла, меѓутоа не добиваше многу шанса во оваа сезона, па се реши да ја смени средината. Ова е втор пат Фазлагиќ да биде испратен на позајмица во друг клуб.

Претходно во сезоната 2022/23 Висла го пушти во Дунајска Стреда, од каде се врати во Краков, па после шест месеци оди на нова позајмица. Горник е дел од првата лига на Полска, или втора по ранг во оваа земја исто како и Висла.

Во минатото Фазлагиќ настапуваше во младинските категории на Вардар, па во Скопје, Шкендија, пред да замине во Жилина, од каде во 2022 година се пресели во Висла.

Се вчитува...