Фазлагиќ погоди во пенал серијата, но Висла е елиминирана од Купот на Полска

Олимпија Груџондз е победник во 1/4 финалето на Купот на Полска во мечот со фаворизираната Висла Краков и обезбеди пласман меѓу најдобрите четири во ова натпреварување. Иако важеше за голем фаворит, сепак, тимот од Краков на крајот загуби по изведувањето на пенали.

1:1 заврши во регуларниот дел, а македонскиот интернационалец Енис Фазлагиќ беше стартер, и ги одигра сите 90. минути, а потоа и 30 во продолженијата.

Се мина кон изведување на пеналите, по што Висла промаши еден, а Олимпија ги погоди сите и така се пласираше. Во четвртата серија токму Фазлагиќ беше прецизен од белата точка.

Се вчитува...