Фазлагиќ потпиша за Висла Краков

Македонскиот младински репрезентативец Енис Фазлагиќ, и официјално потпиша за Висла Краков. Тој денеска беше промовиран во полскиот тим, со кој се „врза“ на договор до 2026 година.

Обесштетувањето изнесува 500.000 евра кое Висла го плати на Жилина, а во договорот стои и 20% од следен трансфер за словачкиот клуб. 30% од трансферот добива и Шкендија, неговиот претходен клуб.

Фазлагиќ во минатото беше дел и од Скопје, а настапуваше за младинските категории на Вардар. Од 2018 година беше дел од Жилина. За македонската млада репрезентација има одиграно девет натпревари, а настапуваше и за помладите селекции на нашата земја.

 

 

Се вчитува...