Фазлагиќ промовиран во Дунајска Стреда: Позајмица со право на откуп од 600.000 евра

Актуелниот македонски репрезентативец Енис Фазлагиќ, минимум до крајот на сезоната ќе настапува за словачкиот тим Дунајска Стреда. Фазлагиќ во Словачка оди како позајмен од Висла Краков, откако полскиот тим испадна во второлигашката конкуренција.

Играчот од средниот ред има договор за позајмица до крајот на сезоната, а Дунајска Стреда има право да го откупи неговиот договор во 2023 година за 600.000 евра, но и 20% од следен трансфер да има и Висла Краков.

Фазлагиќ во минатото беше дел од младинските категории на Вардар и на Шкендија, потоа во сениорскиот тим на Шкендија од каде замина во Жилина. Зимоска потпиша договор со Висла Краков до 2026 година.

Се вчитува...