Фазлагиќ промовиран во Жилина: Го одбрав овој клуб затоа што сакам да играм!

Младинскиот репрезентативец Енис Фазлагиќ и официјално промовиран во дресот на словачкиот прволигаш Жилина. Фазлагиќ ова лето од Шкендија се пресели во Словачка стартувајќи своја интернационална кариера.

„Го одбрав овој клуб затоа што знам дека ќе добијам шанса да ги докажам своите квалитети и дополнително фудбалски да се развивам. Имаше понуди и од други клубови но мислам дека Жилина е идеална средина за мене“ – истакна Фазлагиќ по потпишувањето на договорот со словачкиот прволигаш.

И од клубот го потенцираа задоволството со потписот на македонскиот младински репрезентативец.

„Го следиме Фазлагиќ повеќе од една година. Сакавме да го доведеме и во зимскиот преоден рок но тогаш само поради годините не можеше да се реализира трансферот“ – истакна спортскиот директор на Жилина.

Се вчитува...