Фазли тренира со казахстански тим и чека потпис

Македонскиот напаѓач Самир Фазли се наоѓа пред потпис со казахстанскиот тим Аксу, пренесува казахастански „спорт“.

Фазли беше дел од Туран, а откако го напушти тимот тренираше со Македонија ЃП. Сега е пред нов ангажман во Казахстан во новиот прволигаш од Павлодар.

30-годишниот напаѓач во минатото беше дел од репрезентацијата на Македонија за која има седум натпревари. Играше за Херенвен, Вил, Шкендија, Рудеш.

Се вчитува...