Фазли заминува од Шкендија

Напаѓачот Самир Фазли заминува од Шкендија откако истече неговиот едногодишен договор со клубот. Раководството и фудбалерот не се договорија за продолжување на соработката и тој нема да биде дел од составот на Ќатип Османи кој ќе настапува во квалификациите за Лигата на шампионите.

Фазли дојде минатото лето како засилување за навалната линија, имаше забележителни настапи во отсуство на повредениот Бесарт Ибраими, но кариерата ќе ја продолжи во друга средина.

 

Се вчитува...