Фед-куп репрезентацијата подобра од Камерун во 2. коло во Молдавија

Македонската Фед-куп репрезентација ја победи селекцијата на Камерун во 2. коло од групната фаза во Третата евроафриканска зона која се игра во Кишињев, Молдавија.

По двата натпревари во поединечна конкуренција, Македонија води со 2-0, откако Викторија Веселинова со 6-1,6-0 победи против Венус Нгоне Нагал, додека Нора Христовска со 6-2,6-2 ја победи Мануела Елонду. натпреварот во игра на двојки сега е резултатски незначен околу победникот на мечот.

Вчера Македонија загуби од Тунис, а ја очекува уште натпреварот против Финска во групната фаза од натпреварите.

Се вчитува...