Во името на Федерацијата на училишен спорт на Македонија и претседателката, Елена Мицковска известува за реализираните настани за време на училишната година која ја заокруживме успешно.
Покрај националните првенства, Федерацијата се покажа како одличен организатор на големи настани како Светско училишно првенство во ракомет и Плазма Спортските игри за млади. Учениците запишаа одлични резултати и на меѓународно ниво. Пред скоро време Македонија во баскет 3х3 го освои сребрениот медал во Белград, а додека на Светското училишно првенство во ракомет, во машка конкуренција го освоивме златниот медал, додека во женска конкуренција сребрениот медал.
Како Федерација на училишен спорт на Македонија продолживме да вложуваме во спортот и да градиме здрави генерации и да поставуваме темели за подобро утре. Спортот обединува. Спортот создава подобри личности. Спортот е најголемиот амбасадор на секоја држава.
Со завршувањето на календарот на училишните натпревари на државно и меѓународно ниво, ги сумираме резултатите од една исклучително успешна сезона. Како Федерација на училишен спорт не можеме да бидеме погорди.
Браво за нашите најголеми амбасадори!
*Нашите ученици и репрезентативци нѐ израдуваа со сребрен медал на Европското училишно првенство во баскет 3х3 кое се одржа во Белград.
*Успешно организирано Национално училишно првенство. Голем број медали освоени од нашите ученици во индивидуални и колективни спортови.
*Светското училишно првенство во ракомет беше успешно организирано со највисоки позитивни оценки од Светската федерација за училишен спорт.
*Злато за момчињата и сребро за девојките, историски момент. Испишавме нови страници во македонскиот училишен спорт.
*7. место на Европското училишно првенство во футсал за момчиња до 18 години.
*Успешно реализирани проектите на ФФМ – „Фудбал во училиштата“ и проектот за развој на женскиот фудбал.
*Плазма Спортските игри за млади – проект преку кој Македонија стана дел од едно големо меѓународно спортско семејство. Настан исполнет со насмевки, мотивација, фер-плеј и еднакви мо
Сезоната 2025/2026 е успешно завршена!
Како Федерација на училишен спорт, упатуваме искрена благодарност до сите кои беа дел од оваа успешна спортска приказна:
*Владата на Република Македонија и Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски
*Претседателката на Македонија, Гордана Силјановска-Давкова
*Министерството за спорт и Министерот Борко Ристовски
*Нашите колеги професори, кои се најзаслужни за функционирањето на целиот систем.
*Благодарност до комесарот за натпреварување, Венцислав Рангелов.
*Сите волонтери, соработници, спонзори и општествено одговорни компании
Заедно покажавме и докажавме дека успехот доаѓа кога сме обединети.Продолжуваме понатаму со уште поголема енергија, нови предизвици и нови успеси.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
