Федерацијата ги мотивира косовските фудбалери пред Македонија на посебен начин (ФОТО)

Фудбалската репрезентација на Косово денеска го има првиот собир во пресрет на плејоф дуелот против Македонија в четврток на арената „Тодор Проески“ во Скопје. Челниците на косовскиот фудбал одлучија да ги изненадат фудбалерите во репрезентативната база, мотивирајќи ги на посебен начин. Во холот на хотелот поставени се слики во природна големина од радоста на фудбалерите на претходните мечеви. Во ваква атмосфера Косово ќе се подготвува за гостувањето во Скопје.

 

Се вчитува...