Роџер Федерер без проблеми се пласираше во осминафиналето на вториот Гренслем во сезоната Ролан Гарос, откако во третото коло со максимални 3-0 (6-3, 6-1 и 7-6) го совлада младиот Норвежанец Каспер Руд.
Првите два сета Швајцарецот ги доби без поголеми проблеми, а единствено во последниот сет младиот Норвежанец пружи силен отпор одведувајќи го сетот во тај-брејк, кој Швајцарецот го доби со 10-8. Во осминафиналето Федерер ќе се сретне со подобриот од мечот меѓу домашниот тенисер Никола Мау и Аргентинецот Леонардо Мајер. Денешниот меч беше вкупно 400 за легендарниот Швајцарец кој стана првиот тенисер во историјата стигнал до оваа бројка.
Пласман во осминафиналето досега во машка конкуренција обезбеди Беноа Пер кој при водство од 2-1 во сетови, неговиот противник Шпанецот Карбалјес Баена поради повреда го предаде мечот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА