Федерер без проблеми против Британецот Кларк, елиминиран Чилиќ

Роџер Федерер без апсолутно никакви проблеми се пласираше во третото коло на Вимблдон, откако во три сета за час и половина славеше против Британецот Џеј Кларк.

Федерер успеа да победи со 6-1, 7-6(2), 6-2 убедливо продолжувајќи го патот на грандслем турнирот во Лондон.

Хрватот Марин Чилиќ, пак, е запрен во второто коло откако загуби со 4-6, 4-6, 4-6 од Португалецот Жао Соуса.

Елиминација доживеа и деветиот носител, Американецот Џон Иснер кој загуби во пет сета од Казахстанецот Кукушкин.

На женскиот турнир, пласман понатаму обезбеди првата носителка Австралијката Барти која со 6-1, 6-3 беше подобра од Белгијката Ван Утванк.

Се вчитува...