Федерер без проблеми против Гаске до третото коло на Вимблдон

Роџер Федерер се пласираше во третото коло на Вимблдон откако во три сета, без поголеми проблеми славеше во втората рунда натпревари против Французинот Ришар Гаске.

Федерер го победи Гаске со 7-6, 6-1 и 6-4 во сетови.

Вимблдон е Грандслем турнир на кој Федерер е најуспешен, со досега осум титули. На овој турнир швајцарскиот тенисер најмалку до четвртфиналето стигнал дури 17 пати.

Се вчитува...