Федерер чекори сигурно на Вимблдон

Роџер Федерер без многу проблеми ја продолжи победничката серија на Вимблдон, стигнувајќи до осминафиналето од овој гранслем турнир. Швајцарската тениска легенда денеска за ривал го имаше Миша Зверев, но Германецот и покрај солидниот настап не успеа да освои ниту сет против најтрофејниот гранслем играч на сите времиња.

Најизрамнето беше во првиот сет, кога Зверев возврати за брејкот на стартот, па мораше да се игра тајбрејк. Федерер доминираше и славеше со 7-3, за потоа лесно да го контролира мечот во вториот и во третиот сет, добивајќи ги со 6-4, 6-4. Следен противник на Швајцарецот ќе биде Григор Димитров, кој со кратка борба славеше против Села, откако Израелецот го предаде мечот на стартот од вториот сет.

Последен патник во осминафиналето е Доминик Тием, кој триумфираше со 3-0 над Американецот Доналдсон, па сега во следната рунда ќе се сретне со Томаш Бердих.

Се вчитува...