Федерер до крајот на неделата ќе одлучи дали ќе игра на УС опен

Швајцарскиот тенисер Роџер Федерер се уште не знае кога ќе се врати на терените. Еден од најдобрите тенисери на сите времиња неодамна го прослави 40 роденден и се повеќе од јасно е дека крајот на кариерата е се поблиску.

Се повлече од Ролан Гарос по три меча, а на Вимблдон стигна до четвртфиналето каде беше елиминиран од Убер Хуркач. Го откажа учеството во Торонто и Синсинати, а се уште не знае дали ќе биде дел од УС опен.

„Овој период го искористив за да се одморам. Воопшто не тренирав поради проблемите со коленото. По Вимблдон, морав да се одморам и да ја согледам ситуацијата. Неделава ќе имам состанок со мојот тим и докторите и ќе одлучиме што е најдобро. Во моментов ништо не е сигурно“, изјави Федерер. 

Се вчитува...