Федерер држи и еден негативен рекорд…

Роџер Федерер е еден од најдобрите тенисери на сите времиња, но најмногу титули и еден куп рекорди. Но, Швајцарецот држи и еден негативен рекорд, а по него се уште две големи имиња од „белиот спорт“ – Рафаел Надал и Новак Ѓоковиќ.

Федерер во својата кариера има освоенио 98 титули, што е рекорд сам по себе, но тоа не е единственствено со што се прослави. Тој во финалињата на турнирите е поразен дури 51 пат, што е убедливо најмногу од сите играчи на АТП турнирите. Она што е позитивно на оваа негативна листа е фактот дека само врвен телисер од негов калибар може да одигра толку финалиња во кариерата.

Зад него е шпанскиот тенисер, рафаел Надал, кој моментно е прв тенисер во светот со 36 порази во финалињата. На третото место со пет порази помалку (31) е Србинот Новак Ѓоковиќ, годинешен победник на Вимблдон.

Зад „големата тројка“ е Давид Ферер со 25 порази, па потоа следуваат Енди Мареј (22), Гаел монфис (20) и Томаш Бердих (18).

На оваа необична листа, Жилиен Бенето има посебен рекорд бидејќи во периодот од 2008 до 2014 година успеал да биде поразен во сите 10 финалиња на АТП турнирите на кои настапил.

Се вчитува...