Федерер е елегантен како „Ролс ројс“, Надал и Ѓоковиќ се силни машини

Поранешниот британски тенисер Тим Хенман вели дека Роџер Федерер е елегантен како Ролс-Ројс, а Рафаел Надал и Новак Ѓоковиќ се различни.

„Роџер е многу силен, но и нежен како свила бидејќи прави се да изгледа лесно. Тој е како Ролс-Ројс“, вели Хенман. 

На прашањето дали Рафаел Надал е Ламборџини, Хенман одговори.

„Не тоа е премногу елегантно. Рафа е „ѕвер“, повеќе е како Ф1 болид“, дополни Хенман. 

Дискусијата продолжи со споредувањата, а Британецот Новак Ѓоковиќ е Тесла автомобил.

„Тој е неверојатен, брз и ефикасен, иако не е најелегантен. Тој е Тесла автомобил“, заврши Хенман.  

Тим Хенман своевремено беше четврти тенисер на светот, a во кариерата играше полуфинале на Ролан Гарос, Вимблдон и Ју Ес опен.

Се вчитува...