„Федерер е најкомплетниот тенисер што некогаш играл на Вимблдон“

Пет Кеш, австралискиот тенисер кој го освои Вимблдон во 1987 година, зборуваше за важноста на Швајцарецот Роџер Федерер за светскиот тенис и како тој го воведе целиот спорт во модерната ера комбинирајќи два стила на игра.

Федерер (39) осумпати dosega славеше на Вимблдон, а последен пат застана во 2017 година.

„Мислам дека Роџер Федерер го трансформираше тенисот. Тој го донесе на ново ниво и го воведе во модерната ера. Тој покажа дека играчите можат да играат во почетната линија, но во исто време да бидат ефикасни кога излезат на мрежа. Се движеше фантастично, а имаше и моменти на треперење. Го комбинираше најдоброто од Борг и Конорс од една страна, со најдоброто од Мекинро, Едберг, Сампрас од друга страна. Мислам дека може да се каже дека е најдобриот, најкомплетниот тенисер што некогаш играл на Вимблдон“, изјави Пат Кеш, поранешниот четврти играч во светот.

Се вчитува...