„Федерер е премногу добар за да замине во пензија на таков начин“

Еден од најдобрите тенисери на сите времиња, Роџер Федерер и сезонава ја заврши поради повреда. Двете операции на коленото и 14 месеци пауза не беа доволни на вистински начин да се врати на терените, па одлучи дека ќе мора да стави крај и на тековната сезона.

Веќе почнаа приказни дека 40-годишникот ќе ја заврши кариерата, но со тоа не се случува поранешниот тенисер и сега стручен консултант за „Евроспорт“ Алекс Коречија.

„Мислам дека максимално сака да ги искористи преостанатите денови од кариерата. Не сака да се повлече на таков начин, туку тоа да го направи на теренот. Премногу е добар на таков начин да ја заврши кариерата“, изјави Коречија. 

 

Се вчитува...