Федерер ефект: Облеката и тениските рекети на Швајцарецот се продадени на добротворна аукција за милионска цифра

Еден од најдобрите тенисери на сите времиња, Швајцарецот Роџер Федерер, собра скоро четири милиони евра на аукција на неговата спортска облека и опрема во аукциската куќа „Кристи“.

Целиот приход од продажбата ќе биде дониран на фондацијата „Роџер Федерер“, која финансира едукативни проекти за децата во Јужна Африка и Швајцарија. Продажбата донесе вкупно 3,98 милиони евра, скоро четирипати поголема од првичната цел. Аукцијата се одвиваше во две фази – во живо на 23 јуни во Лондон, како и преку Интернет од 23 јуни до 14 јули.

Меѓу бројните предмети на аукцијата беа рекетот со кој Федерер ја освои титулата на Вимблдон во 2007 година, како и патиките во кои го освои Ролан Гарос во 2009 година.

„Постигнатите цени беа неверојатни, што ме прави многу среќен затоа што парите одат во фондацијата ‘Роџер Федерер’. Почнавме да собираме предмети што ги одбележаа моите настапи на теренот затоа што мислевме дека можеби еден ден ќе сториме нешто корисно од нив“, изјави Федерер.

Највисока цена достигнаа трите рекети со кои Федерер играше на Вимблдон во 2019 година, а се продадоа за 162.500 фунти. Колекцијата „Роџер Федерер“ е најголемата колекција на спортски сувенири што некогаш е објавена од еден спростист, изјави за „AFP“ портпаролот на „Кристи“ за време на презентацијата на некои од предметите на аукцијата.

Се вчитува...