Федерер ги воодушеви своите фанови, Швајцарецот најави учество на Ролан Гарос

Легендарниот тенисер на Швајцарија, 39-годишниот Роџер Федерер, на социјалните мрежи објави дека има намера да настапи на годинешниот Ролан Гарос, кој треба да се игра од 30 мај до 13 јуни.

Федерер исто така најави дека во рамките на подготовките за Ролан Гарос ќе настапи на АТП турнирот во Женева од 16 до 22 мај.

“Со задоволство ве известам дека ќе играм во Женева и Париз. Ќе тренирам дотогаш. Едвај чекам да играм повторно во Швајцарија”, објави Федерер на Твитер.

Поради две операции на коленото, Федерер играше на само еден турнир од минатогодишниот Австралија опен, а тоа беше минатиот месец во Доха, каде се пласираше во четвртфиналето.

Се вчитува...