Федерер гледа кон полуфинале, но не зависи само од него

Со победа во два сета може да биде исфрлен, а дури и со пораз во два сета може да пласира во полуфиналето. Ваква е ситуацијата на Роџер Федерер во пресрет на третото коло од групната фаза на АТП финалето во Лондон. Со триумфот над Доминик Тим во дуелот од второто коло Швајцарецот се врати во игра за место меѓу полуфиналистите.

Но, дали ќе биде меѓу четворицата најдобри ќе зависи од конечните исходи, но и бројот на освени сетови, па дури и гемови и поени во мечевите од решавачкото коло во кое Федерер ќе игра против Кевин Андерсон, а ќе се соочат и Доминик Тим и Кеи Нишикори.

Математиките се премногу компликувани, сите четворица тенисери можат да обезбедат полуфинале. Федерер, Тим и Нишикори можат да бидат елиминирани додека најсигурна е позицијата на Андерсон кој речиси сигурно е полуфиналист со оглед дека веќе има две победи.

 

 

 

 

 

Се вчитува...