Федерер го доби трилерот со Надал и закажа финале со Ѓоковиќ

Роџер Федерер е вториот финалист на Вимблдон откако во јубилејниот 40. натпревар го совлада Рафаел Надал со 3-1 (7-6, 1-6, 6-3 и 6-4).

Двајцата тенисери натпреварот го почнаа одлично на свој сервис, што резултираше со тај-брејк во кој Швајцарецот беше посмирен добивајќи го со (7-3). Во вториот сет Надал брзо стигна до брејк предност, што беше доволен за негово освојување со 6-1. Одличната игра од двајцата тенисери продолжи и во третиот сет во кој и едниот и другиот спасуваа брејк топки, а единствената искористена за Федерер беше доволна за освојување на сетот со 6-4.

Четвртиот сет беше како пресликан на претходниот. Еден брејк на Федерер беше доволен за освојување на сетот со 6-4 и конечна победа во јубилејниот 40. натпревар.

Во финалето не очекува нова мега пресметка во која Федерер се среќава со првиот рекет на светот Србинот, Новак Ѓоковиќ.

Се вчитува...