Федерер го избра Надал пред сопругата Mирка

Швајцарскиот тенисер Роџер Федерер имаше интересна изјава за време на овогодинешниот Лејвер куп во Ванкувер.

Во еден момент на видео бимот се појави неговиот голем ривал и пријател Рафаел Надал.

„Кој ти беше омилен партнер во двојки“, праша Надал и му намигна на Швајцарецот.

Федерер возврати, а потоа се пошегува и го избра него наместо сопствената сопруга.

„Мислев дека тоа е мојата сопруга, додека не се појави овој човек. Нека биде Рафа. Минатата година беше екстра посебна”, одговори Федерер.

Двајцата играа двојки за прв пат во 2017 година кога го претставуваа Тим Европа на Лејвер купот во Прага и победија против Сем Квери и Џек Сок.

Се вчитува...