Федерер го најави крајот на кариерата?!

Роџер Федерер синоќа ја прими наградата за најдобар швајцарски спортист за последните 70 години, но она што го привлече вниманието на јавноста е неговиот говор на церемонијата, во кој големиот ас најави дека би можело да се случи тој да биде принуден да ја заврши кариерата.

Федерер беше двапати опериран годинава, најпрвин во февруари, а потоа и во јуни, се со цел да биде максимално подготвен за настап на Австралија Опен. Сепак, извори блиски до тимот на Швајцарецот тврдат дека тој не е ниту блиску до камбек на терените, а самиот Федерер на синоќешната гала-вечера не даде конкретна прогноза дали и кога ќе може повторно да игра тенис.

Напротив, тој истакна дека „доколку веќе мора да ја заврши кариерата, мило му е што тоа ќе го стори со оваа добиена награда“.

„Искрено се надевам дека во 2021 година ќе се видиме пак на терените. Ќе видиме… но ако веќе мора да се каже крај, извонредно е што тоа ќе го сторам со оваа награда“, изјави Федерер пред присутните.

Се вчитува...