Федерер го освои АТП турнирот во Хале

Швајцарскиот тенисер Роџер Федерер, согласно очекувањата, стигна до трофејот на АТП турнирот кој се играше на трева во Хале, Германија.

Федерер во финалната пресметка во два сета, за еден час и 25 минути игра, славеше против Белгиецот Гофин. Швајцарецот единствено мали проблеми имаше во првиот сет кој го доби по тај-брејкот со 7-6(2), а вториот го доби убедливо со 6-1.

Се вчитува...