Федерер го откажа учеството во Мајами

Легендарниот Роџер Федерер го откажа учеството на АТП Мастерс 1000 турнирот во Мајами. Од претходно е познато дека Швајцарецот своето враќање на АТП турнирите ќе го има во Доха и Дубаи, со што ќе стави крај на 13 месечната пауза.

„По Доха, а можеби и Дубаи, Федерер ќе се врати на полесни тренинзи како би се подготвил за продолжението на сезоната“, изјави неговиот менаџер, Тони Годсик. 

Швајцарецот последниот меч го одигра на 7. феверуари 2020 година кога во ревијален натпревар славеше над Рафаел Надал.

Се вчитува...