Федерер го растури Шаповалов за финале во Мајами

Роџер Федерер утре ќе го игра јубилејното 50-то финале на еден турнир од Серија 1000. Швајцарецот славеше во полуфиналето на Мастерсот во Мајами против Денис Шаповалов со 6-2,6-4.

Федерер задачата во полуфиналето против канадскиот тинејџер си ја заврши за само 74 минути и сега има голема можност да го освои 28-от Мастерс во кариерата.

Во финалето во Мајами швајцарскиот тенисер ќе игра против Американецот Џон Иснер кој во полуфиналето славеше против уште еден канадски тинејџер, Феликс Оже Алијасим.

Се вчитува...