Федерер го збриша Чориќ за ново финале во Дубаи

Роџер Федерер со извонредна игра се пласираше во финалето од турнирот во Дубаи, декласирајќи го Борна Чориќ со убедливи 6-2, 6-2.

Свесен дека против себе има ривал против кого се мачеше минатата година, Федерер одигра извонредно од почеток до крај, доаѓање до брејк во раната фаза од сетовите, по што рутински стигна до убедлива победа. Со пласманот во финалето, Федерер се наоѓа на само една победа до јубилејниот 100. освоен турнир во професионалната кариера.

Негов противник во битката за трофејот ќе биде Гркот Циципас, кој во првото полуфинале со пресврт славеше со 2-1 над Монфилс.

Се вчитува...