Федерер го „збриша“ Ѓоковиќ за полуфинале во Лондон

Роџер Федерер го „збриша“ Новак Ѓоковиќ победувајќи во два сета за полуфиналето на АТП финалниот турнир во Лондон.

Во 49-та меѓусебна пресметка Федерер стигна до лесен триумф од 6-4,6-3 на тој начин оставајќи го Ѓоковиќ, по овој пораз, и без можност за битка за првото место на АТП листата на крајот од годината. По елиминацијата во Лондон и дефинитивно е јасно дека Рафаел Надал ќе ја заврши 2019 година на челната позиција на АТП листата.

Федерер, пак, ја продолжува битката и за седма титула на АТП Мастерсите запишувајќи го и своето 16-то полуфинале на завршните турнири на најдобрите светски тенисери.

Се вчитува...