Федерер: Ѓоковиќ не успеа да се вклопи како претседател на Советот, беше логичен неговиот отказ

Швајцарскиот тенисер Роџер Федерер, истакна дека не гледа ништо лошо во тоа што Новак Ѓоковиќ ја основаше Асоцијацијата на професионални тенисери (ПТПА). Најдобриот тенисер во светот основаше ново здружение со Васек Поспишил, чија цел е да се бори за првата на тенисерите.

Рафаел Надал и Роџер Федерер не се приклучија во новата организација на Ѓоковиќ, па тие одлучија да останат во советот на тенисери при АТП.

„Новак го немам видено долго време. Тој го прави она што мисли дека е најдобро за сите играчи, но едноставно Ѓоковиќ не се вклопуваше како претседател на Советот на играчи на АТП и реши да основа нова организација. Не мора секогаш да мислите исто како и другите, но важно е да разговарате. Имаше различни приказни во јавноста, но сега сè се смири, се зборува за рекорди и тоа е добра работа. Ќе видиме како ќе се развива приказната со здружението на играчи. Но, јас не сум тука за да се занимавам со политика, фокусиран сум на враќање на теренот“, рече Роџер во Доха.

Инаку, Ѓоковиќ од денес и официјално постави рекорд по бројот на недели на врвот на АТП-листата – 311, оставајќи го Федерер зад себе со 310.

Се вчитува...