Федерер и Бенчиќ за историска титула во Хопман купот

Швајцарскиот тандем, Белинда Бенчиќ – Роџер Федерер го доби решавачкиот меч во двојки и ја одбрани титула во репрезентативното мешано тениско натпреварување, Хопман куп.

Најголемата швајцарска ѕвезда и Бенчиќ со триумфот во парови со 3-1 во сетови против Анжелик Кербер  и Александар Зверев, дојдоа до конечни 2-1 во финалниот дуел против Германија.

За Федерер ова е трета вкупно титула во Хопман купот. Тој и донесе на Швајцарија почетно водство победувајќи во мечот со Зверев со 2-0 во сетови, потоа Кербер ја победи Бенчиќ со идентичен резултат и и овозможи на Германија битка за титулата во мечот на двојки.

Се вчитува...