„Федерер и Ѓоковиќ имаа ментални проблеми, Рафа е најдобар на сите времиња“

Рускиот тенисер Андреј Рубљов даде свое мислење околу тоа кој е најдобар тенисер на сите времиња. Рубљов кој во неделата го освои трофејот во Санкт Петерсбург, смета дека во кариерата Федерер и Ѓоковиќ имале ментални падови, па затоа според него најдобар е Рафаел Надал.

„Надал е најдобриот спортист во историјата. Не можам ниту да замислам како го прави тоа што го прави. Факт е дека е ментално многу силен, а во текот на целата кариера тоа и го покажа. Сите тенисери вклучувајќи ги и Федерер и Надал имаа периоди во кариерата коа беа слаби на ментално ниво. Тоа Надал го немаше“, изјави Рубљов. 

Со освојувањето на 13. трофеј на Ролан Горас, Рафаел Надал се изедначи на вечната листа по освоени грен-слеми со Роџер Федерер (20), додека Новак Ѓоковиќ има три помалку од големите ривали.

Се вчитува...