Федерер и Надал го закажаа 49. меѓусебен натпревар

Роџер Федерер и Рафаел Надал ќе се сретнат во полуфиналето на Ролан Гарос, откако беа подобри од своите ривали во четвртфиналните мечеви.

Во Швајцарското дерби, Федерер го совлада Стен Вавринка со 3-1 (7-6, 4-6, 7-6 и 6-4). Мечот беше израмнет, а поискусниот од двајцата Швајцарци, како многупати досега беше смирен во клучните моменти од натпреварот. Надал го прегази Јапонецот Кеј Нишикори со максимални 3-0 (6-1, 6-1 и 6-3).

Мечот меѓу Федерер и Надал во полуфиналето ќе биде вкупно 49. меѓу двајцата тенисери, а во досегашните дуели Надал води со 23-15.

Се вчитува...