Федерер и Надал можно полуфинале на Вимблдон, Ѓоковиќ стартува со незгодниот Колшрајбер

Роџер Федерер и Рафаел Надал може да се сретнат во полуфиналето на Вимблдон, одлучи денешната ждрепка. Во второто коло Надал може да се сретне со лошото момче од Австралија, Ник Кирјос.

Првиот рекет на светот, Србинот Новак Ѓоковиќ ќе има тежок противник на самиот старт бидејќи ќе се сретне со Германецот Филип Колшрајбер, од кого беше поразен во Мајами сезонава, а од истиот противник има губено и на Ролан Гарос. Во истиот дел од жребот со Ѓоковиќ се наоѓаат и Стефанос Циципас од Грција, минатогодишниот финалист Кевин Андерсон и Германецот Александер Зверев.

Кај дамите во четвртфиналето е можен меч меѓу првата носителка и шампионка од Ролан Гарос, Ешли Барти и минатогодишната шампионка на Вимблдон Анжелик Кербер, но Германката прво ќе мора да ги совлада Марија Шарапова и Серена Вилијамс. Освојувачката на трофеите на Ју Ес опен и Австралија Опен, Наоми Осака од Јапонија во четвртфиналето може да се сретне со поранешниот број еден Симона Халеп од Романија.

Проектирано четвртфинале (мажи):

Ѓоковиќ – Циципас

Андерсон – Зверев

Тим – Надал

Нишикори – Федерер

Проектирано четвртфинале (жени):

Барти – Кербер

Бертенс – Квитова

Свитолина – Плишкова

Халеп – Осака

 

 

 

Се вчитува...