Федерер и Надал против „новата асоцијација“ на Ѓоковиќ

Роџер Федерер и Рафаел Надал се спротиставија на идејата на Новак Ѓоковиќ да направи нова асоцијација на тенисери и да го напушти моменталниот совет. Србинот успеа во својата цел формирајќи го новиот совет, одлука поради која не се задоволни најголемите ривали Федерер и Надал.

„Светот во моментов минува низ тешка и комплицирана ситуација. Лично верувам дека ова се времиња во кои треба да бидеме мирни. Време е за единство, не за поделби. Сите тенисери, турнири и раководства треба да работиме заедно, обединети“, напиша Надал. 

„Се согласувам со Рафа. Ова се несигурни времиња и клучно е да останеме обединети како спортот би можел да иде напред“, порача Федерер.

Инаку, Ѓоковиќ имаше поддршка од голем број од тенисерите кои се одлучија за овој потег како во иднина дополнително би ги заштитиле своите интереси бидејќи сметаат дека „Советот на тенисери“ немаше доволно силно влијание.

Се вчитува...