Федерер и Надал во четвртфиналето на Индијан Велс

Роџер Федерер обезбеди место во четвртфинлето на тенискиот Мастерс во Индијан Велс откако без никакви проблеми во осминафиналето забележа победа од 2-0 во сетови над британскиот број еден, Кајл Едмунд. Федерер му препушти на противникот само пет гема во мечот кој траеше едвај нешто повеќе од еден час. Четвртиот тенисер во светот уште нема загубено сет на овој турнир, во дуелот со Едмунд ги спаси сите седум брејк шанси, а освои 79% од првиот сервис.

Федерер во следната рунда ќе игра против Хуберт Хурказ, Полјакот кој го елиминираше Денис Шаповалов со осминафиналната победа од 2-1 во сетови.

И Рафаел Надал е меѓу четвртфиналистите. Шпанецот во два сета го победи Филип Крајановиќ и во следната рунда ќе се соочи со Карен Хачанов кој пак оствари победа со 2-1 во сетови во осминафиналето над Џон Иснер.

Кај тенисерките, подвиг направи Канаѓанката, Бјанка Андреску со четвртфиналниот триумф над поренешната број еден во светот, Шпанката, Гарбине Мугуруза. Андреску и препушти на далеку поискусната Мугуруза само еден гем во вториот сет. Канадската тенисерка во полуфиналето ќе игра против Елина Свитолина кој ја елиминираше Маркета Вондросова.

Се вчитува...