Федерер и Серена Вилијамс – тениско „селфи“ за „среќна нова година“

Првиот ден од 2019 година донесе и тениски дуел на големите асови во машка и во женска конкуренција, Роџер Федерер од едната страна како предводник на Швајцарија во Хопман купот наспроти Серена Вилијамс како главен адут на селекцијата на САД.

Швајцарскиот дубл славеше со 2-0 во сетови (4-2, 4-3), а Федерер не ја пропуштија можноста меѓусебниот дуел да го овековачат со „селфи“.

За спомен и честитка до своите фанови – “за среќна нова 2019 година“.

Се вчитува...