Федерер и Шаповалов рутински до осминафинале во Синсинати

Роџер Федерер се пласираше во осминафиналето на Мастерсот во Синсинати откако славеше против Германецот Петер Гојовчик во два сета.

Роџер не играше од поразот во четвртфиналето на Вимблдон, но очигледно тоа не влијаело на неговата форма кој без проблеми го совлада Гојовчик за еден час и 13 минути игра, победувајќи со 6-4,6-4. Федерер во осминафиналето ќе игра против Аргентинецот Леонардо Мајер.

Во осминафиналето се пласираше и Канаѓанецот Денис Шаповалов кој беше подобар од Британецот Едмунд со 6-4,7-5.

Се вчитува...