Федерер има заработено повеќе пари од Ѓоковиќ и Надал заедно

Новак Ѓоковиќ неодамна успеа да го мине Рафаел Надал според заработката на тениските великани, севкупно од награди на турнирите и од спонзорските договори што ги имаат. Српскиот ас ја надмина бројката од 520 милиони евра заработени во кариерата, Надал има 515 милиони долари, но двајцата вкупно сепак имаат помала заработка од апсолутниот лидер во оваа категорија – Роџер Федерер.

Швајцарецот повеќе од една година е „пензионер“, но се уште му се активни неколкуте спонзорски договори кои му носат богатство, па Федерер веќе ја надминал границата од 1,2 милијарди долари како заработка во последните дваесетина години.

Само во 2023 година, во која тој воопшто не играше тенис, Федерер заработил 95,1 милиони долари, од кои дури 30 милиони долари од јапонската компанија за спортска опрема „Јуникло“, со која има уште пет години од десетгодишниот договор потпишан во 2018. Само за споредба, Ѓоковиќ заработува десет милиони евра годишно од „Lacoste”.

Новак Ѓоковиќ е на врвот на листата на заработка само од турнирите, откако веќе ја надмина границата од 180 милиони долари, а се очекува до крајот на кариерата Србинот да стигне и до 200 милиони долари од своите успеси на тениските терени.

Се вчитува...