Федерер импресивен на стартот од новата сезона

Роџер Федерер ја отвори новата сезона со супериорна победа во првиот меч за Швајцарија против Велика Британија на Хопман Купот во Перт. Третиот тенисер во светот демонстрираше класа против Камерон Нори, славеше победа со 6-1, 6-1 и и донесе стартна предност на Швајцарија.

Во импресивниот старт, Федерер ги доби првите пет гема, а дури потоа Нори успеа да ја прекине серија и заслужи громогласни овации од публиката, но тоа беше се што можеше да стори.

Федерер направи нова серија и експресно го реши мечот во своја полза. Во Белинда Бенчиќ ја совлада со 2-0 Кејти Бултиер, осигурувајќи ја победата на Швајцарија во пресрет на мечот во двојки.

Хопман Купот му служи на Федерер како подготовка за Австралија Опен, првиот гранслем во сезоната на кој Швајцарецот во јануари ќе ја брани титулата.

Се вчитува...