Федерер истакна две работи кои се клучни за успех

Швајцарскиот тенисер Роџер Федерер во интервју беше запрашан што е потребно за да се стане врвен професионален играч.

Поранешниот играч број еден во светот издвои две работи – голема желба и одличен тим.

„Обично имаш неколку тренери во текот на твојот живот и кариера. Ти треба некој кој те тренира како бебе и те мотивира да дадеш се од себе на теренот. Tи треба некој што продолжува да те предизвикува. Треба да се опкружувате со луѓе што ви се допаѓаат. На крајот на краиштата, многу патувате со нив во текот на кариерата, честопати само со вашиот тим. Исто така и големата желба е важна. Секогаш да сакате да напредувате“, изјави Федерер. 

Се вчитува...