Федерер ја помина првата пречка во Шангај

Швајцарецот Роџер Федерер се пласираше во осминафиналето на Мастерсот во Шангај, откако во 2. коло го совлада Шпанецот Алберт Рамос Вињолас со 2-0 по сетови (6-2 и 7-6). Во првиот сет легендарниот Швајцарец немаше поголеми проблеми освојувајќи го за 35 минути. Вториот сет, Рамос Вињолас пружи одличен отпор носејќи го во тај-брејк во кој немаше сила за да го одведе мечот во третиот одлучувачки меч.

Во осминафиналето Федерер ќе се сретне со подобриот од мечот меѓу Давид Гофан од Белгија и Казахстанецот Микаил Кукушкин.

Се вчитува...