„Федерер „крал на тревата?“ Па што е тогаш Ѓоковиќ со пет титули на Вимблдон?“

Поранешниот светски број еден Енди Родик смета дека поделбата на специјалисти според подлогата на теренот не е прецизна. Американецот кој на чело на АТП листата помина 13 недели вели дека постојат факти кои ги уриваат поставените стереотипи.

„Луѓето сакаат да прават поделби. Рафа е „крал на земјата“, Новак е специјалист за тврда подлога, а Федерер е најдобар на трева. Вистина е дека ако ги погледнеме бројките Ѓоковиќ е тој кој доминираше изминатите години на Вимблдон. Од последните десет титули тој освои пет“, изјави Родик. 

Ѓоковиќ во феноменално финале во 2019 година славеше против Роџер Федерер, кој својата последна титула на неофицијалното светско првенство во тенис ја освои во 2017 година.

Се вчитува...