Федерер лесно до финалето во Хале

Роџер Федерер ќе игра во финалето на АТП турнирот, кој се игра на трева, во Хале, Германија, откако во полуфиналната пресметка славеше против Французинот Ербер.

Федерер, за нешто повеќе од еден час игра, стигна до лесна победа во два сета, триумфирајќи со 6-3, 6-3.

Во финалето швајцарскиот тенисер ќе игра против Белгиецот Давид Гофин кој, исто така, во два сета славеше против Италијанецот Беретини со 7-6,6-3.

Се вчитува...