Федерер: Моите рекорди ќе бидат соборени во иднина

Најтрофејниот тенисер во историјата на „белиот спорт“, Роџер Федерер верува дека неговите рекорди во иднина ќе бидат надминати. Федерер е еден од најдобрите тенисери на сите времиња и сопственик на многу тениски рекорди во својата долга кариера.

Швацарецот на почетокот од 2018 година го освои Австралија опен и набрзо после тоа се врати на првото место на АТП листата, за прв пат по 2012 година.

По освојуавњето на турнирот во Ротердам, Федерер стана најстар број еден во светот соборувајќи го рекордот на Андре Агаси.

„Сите тие рекорди еден ден ќе бидат урнати и тоа е потполно во ред. Но, јас бев најстариот број еден на сите врамиња и тоа беше нешто посебно за мене, за моите навивачи и за мојот тим. Тоа нема да се заборави“ – изјави Роџер Федерер.

Швајцарецот ги откри и своите планови за иднина, и најави дека може да се појави и на Олимписките игри во токио во 2020 година.

Сакам да играм добро годинава и потоа ќе видам што ќе биде во 2020. Најважно е семејството да ми е добро и јас добро да се чувствувам, победите се тука. Токио се уште е далеку…“ – вели Федерер.

Швајцарецот сега е фокусиран на одбраната на титулата на Австралија Опен. Грандслем турнирот во Мелбурн почнува во понеделник, а Федерер во првото коло за противник го има Узбекистанецот Денис Истомин.

Се вчитува...